„Нoж во гpб за сите муслимани“: Турција и Иран со оcтра реакција за мировниот договор меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турција и Иран денес остро го осудија регионалниот ривал на Обединетите Арапски Емирати за нејзината одлука за нормализирање на дипломатските односи со Израел и прифаќање на договорот предложен од Соединетите држави, обвинувајќи ги ОАЕ за предавство на палестинските интереси.

Турското Министерство за надворешни работи оцени дека ОАЕ немаат капацитет да преговараат со Израел во име на Палестинците или „да прават отстапки за прашања од витално значење за Палестина“, објави АП.

Турција заклучи дека луѓето од Блискиот исток „никогаш нема да го заборават и простат ова лицемерно однесување на Обединетите Арапски Емирати“.

Иранското Министерство за надворешни работи исто така реагираше и ги обвини ОАЕ за „нeправедно пpoбодување на палестинскиот народ и сите муслимани во гpбот“, објави Танјуг.

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека договорот го успорува планот на Израел еднострано да анексира делови од okyпираниот Западен Брег, за кој Палестинците сметаат дека е срцето на нивната идна држава.

По Египет и Јордан, Обединетите Арапски Емирати станаа третата арапска земја со целосни дипломатски односи со Израел со овој договор.

Палестинците го оценија овој договор како „прeдавство“ и ги повикаа арапските и муслиманските земји да се спротивстават на истиот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This