ОБИД ЗА НАРУШУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ МОСКВА-АНКАРА: Напаѓачот врескал „Ние гинеме во Алепо вие тука“ и „Алаху Акбар“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нападот врз рускиот амбасадор во Турција денеска беше обид за нарушување на односите меѓу Турција и Русија, изјави градоначалникот на Анкара, Мелих Ѓокчек.

andrej-karlov

Изјавата тој ја даде пред болницата каде беше пренесен амбасадорот Андреј Ганадиевич Карлов по нападот.

Според Ѓокчек, напаѓачот бил полицаец.

Според извори на западни медиуми во турските сили за безбедност, напаѓачот бил полициски офицер, кој работел во Анкара. Подоцна е потврдено дека напаѓачот всушност бил екс-припадник во безбедносните сили, избркан поради радикалните исламистички ставови.

„Денес е трагичен ден во историјата на Руската Федерација“, рекла Захарова. „Денес во Анкара за време на јавен настан, Рускиот Амбасадор Андреј Карлов беше нападнат, а кратко потоа почина“.

https://www.youtube.com/watch?v=MWndGgfVwiw

Рускиото МНР во соопштение вели дека добива сочувство од голем број на странски колеги. Шефот на надворешната политика на ЕУ Федерика Могерини била една од првите која испратила сочувство, рекла Захарова.

Андреј Генадиевич Карлов е роден во 1954 година. Бил назначен за Амбасадор на Руската Федерација во Турција во 2013.

Русија бара нападот да биде класифициран како акт на тероризам, додека ОН го осуди нападот.

Според Турските безбедносни претставници, напаѓачот кој го убил Амбасадорот е екс-полицаец кој работел во Анкара. Последните информации велат дека напаѓачот е идентификуван како Мевлут Мерт Алтнташ, член на единицата за брзо распоредување во Анкара до неодамна. Роден во 1994 година.

Напаѓачот извикувал „Ние гинеме во Алепо, вие тука. Не заборавајте на Алепо, не заборавајте на Сирија. Алаху Акбар…“

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This