Облачно време со врнежи од дожд и умерен југоисточен ветер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, во западните делови пообилни (локално над 40л/м2). Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до седум степени, а дневната температура од пет до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до девет степени.

Во среда пообилни врнежи се очекуваат во источните делови каде локално ќе бидат поројни.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла од 10 – 20 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка ( од с. Гајре до с. Лисец ). Слаб снег провејува на Попова Шапка, но не се задржува на коловозот..

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This