Обновената брана Слатино ќе биде пуштена во употреба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Дебарца денеска ќе биде пуштена во употреба браната Слатино, реконструирана во рамки на Програмата на Европската Унија за санација на штети од поплави.

Браната Слатино беше сериозно оштетена и имаше потреба од обемна реконструкција. Со 1,2 мил. евра, ЕУ помогна да се намали потенцијалниот ризик од поплави и да се зголеми отпорот кон идните поплавувања. Таа ги поддржа и услугите за наводнување што браната ги обезбедува за локалното население.

На настанот, што е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“, кој има за цел да ја подигне свесноста и да ја информира јавноста за помошта што Унијата ѝ ја дава на земјата, најавено е присуство на шефот на делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, претставничката на УНДП Нарин Сахакјан, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и градоначалникот на Општина Дебарца, Зоран Ногачески.

Проектот го спроведе УНДП во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ЕУ им помогна на земјата и нејзините граѓани да ги надминат последиците од поплавите со тоа што обезбеди 10 милиони евра во изминатите две години. Оваа помош од ЕУ беше наменета за приоритетните потреби и помогна да се реконструира транспортната и водната инфраструктура во најпогодените области, во согласност со принципот за одржливост „Повторно изгради подобро“. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This