Ова е нaјтeшкoтo прашање кое Илон Маск им го поставува на кандидатите за работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многумина длабоко почнале да размислуваат кога ја слушнале загатката на сопственикот на компаниите „Tesla“ и „SpaceX“ – Илон Маск.

Потребно е да бидете интелигентна личност за да го завршите разговорот за работа со Илон Маск, но за да ја решите неговата загатка навистина треба да бидете гениј.

Во биографијата на овој милијардер, се наведува дека нему му била потребна загатка која што ќе им ја зададе на кандидатите за позицијата инженер во компанијата „SpaceX“.

За да провери дали се способни да решат некои проблеми, Маск поставувал прашања од кои многумина од кандидатите навистина се замислиле.

– Прашањето гласи:
„Се наоѓаш на површината на Земјата. Одиш една милја кон југ, една милја кон запад и една милја кон север. Си завршил на истото место откаде што си тргнал. Каде се наоѓаш?“

Маск со ова прашање не сакал неговите вработени да се добри познавачи на географијата, туку сакал да види како можат да се снајдат со необични прашања.

Но, Илон Маск исто така сака да поставува и вообичаени прашања во текот на разговорот со кандидатите за работа.

– Едно од нив гласи:
„Раскажете ми ја вашата животна приказна и одлуките кои што сте ги донеле. Исто така кажете ми го најтешкиот проблем со кој што сте се соочиле и како сте го решиле истиот“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This