April 26, 2024, 12:23 pm

ОВА Е ПЕТРИТ ЗИФЛЕ: Човекот кој зaгинa во одбрана на името Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова е Петрит Зифле, човекот со Албанско државјанство, според информациите Македонец од Албанија, кој беше убиен минатата недела на островот Крф во Грција откако влегол во расправија со грчки националисти, бранејќи го името Македонија

 

Петрит Зифле е овековечен и на „Широк сокак“ во Битола, каде граѓните испишаа графит со неговото име, вметнувајќи го Зифле во македонската историја како херој кој зaгинaл во одбрана на името.

Петрит Зифле, 63-годишен мигрант од Албанија што работел на фарма на островот Крф во Грција, убиен е од 44-годишен локален жител по расправа за името на Македонија во кафеана.

На 25 ноември попладнето Зифле, познат меѓу мештаните како Петрос, се вмешал во гласното дебатирање на соседната маса, на која при аргументирањето за Македонија биле клеветени и расно навредувани сите негрци. Петрит возвратил, при што дошло до кошкање, за на крајот да бидат разделени, а жртвата си заминала од локалот испратена со пцости и закани од неговиот убиец.

Подоцна членот или симпатизер на Златна зора му направил заседа на Зифле, го убил со ловџиска пушка и телото го фрлил во ендек покрај локалниот пат меѓу Драготина и Спартера, три километри од Лефкими, каде што се случило убиството. Таму и е најден трупот следното утро од локален жител што поминувал со автомобил.

Полицијата за пет дена го расветлила настанот, откако попусто го пребарувала морското дно во близина во потрага по оружјето, но на вистинската трага ја одвело делче од пушката најдено на местото на злосторството. Сторителот го признал делото и е приведен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This