ОВА Е ТЕРОРИСТОТ ОД ИСТАНБУЛ: Турската полиција ги објави првите фотографии од осомничениот терорист кој уби 39 лица за Нова Година!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турската полиција ги објави првите фотографии од осомничениот напаѓач во клубот во Истанбул на новогодишната вечер, во кој загинаа 39 лица, и остави десетици повредени. Потрагата по напаѓачот продолжува

terorist_istanbul

Државната агенција „Анадолу“, вели дека фотографиите биле направени од безбедносна камера, не потенцирајќи каде точно се направени фотографиите. На снимките се гледа млад човек со темна коса. Полицијата привела осум осомничени кои биле поврзани со нападот, но напаѓачот сеуште е во бегство.

Претходно, на интернет се појавија снимки од нападот во клубот Реина во елитната населба Ортакој, Истанбул. На снимката се гледаа ужасните моменти од луѓе кои бараат спас од напаѓачот кој безмилосно убиваше.

Нападот се случил во 01.00 часот по локално време во Неделата, а властите го нарекоа нападот – терористички чин.

Речиси половина од загинатите биле странци. ИСИС ја презеде одговорноста за масакрот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This