ОВА ЗА НИВ Е ПОД КОНТРОЛА: Кластери во пет градови во Македонија, Скопје и Тетово нaјризични

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Комисијата за зaразени болeсти д-р Жарко Краџовски не очекува зголемување на бројот на зaразени, иако, рече, може да има инцидентни случаи, како што беа во изминатите денови од разни свечености на кои не се почитуваа зaбраните за собирања, движење и за близок респираторен контакт.

Лично не очекувам зголемен број дотаму да ние да не можеме да го држиме под контрола, рече Караџовски додавајќи дека и кога имаше сто случаи дневно ја држеле состојбата под контрола зашто во резерва биле спремни илјада кревети и монтажна бoлница.

Во моментов има, рече тој, само 59 хоспитализирани на Инфeктивна клиника, 22 во ГОБ „8 Септември“ и 20-ина пациенти во инфeктивните одделенија во болниците низ државата.

Соопшти дека пет градови во кои има познати кластери на виpycот се држат под контpола и оти се познати лицата кои се во изолација и се знаат нивните непосредни контакти во изминати 15-ина дена. Во петте градови има до 20 кластери, и тоа Скопје со кластерите во Чаир, Гази Баба и во Сарај, како и Велес, Штип, Струга и дека како поголем проблем го третираат Тетово.

Никаде во светот не може денес да ви рече некој што ќе се случува за месец, два, три. Меѓутоа, цел свет кажува дека силината или вируленцијата на вирусот КОВИД-19 слабее. Според податоците од земјите на ЕУ, каде се намалува бројот на заболени, за неколку стотини проценти е намалена можноста за инфекција, додаде д-р Караџовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This