March 28, 2024, 10:08 am

Стоилковиќ анализира: Ова не се само локални избори, туку основа за порaз на власта предводена од СДСМ/ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку елементи во предизборието се клучни за конечниот изборен резултат, односно тријумф на опозицијата на претстојните локални иѕбори. Прво, предизборната коалиција во некои општини на ВМРО ДПМНЕ со Алијансата на Албанците и Алтернатива и најавата за понатамошна соработка го урна еден од потпорните столбови на политиката на СДСМ, кој функционира по системот, ние ги имаме албанските гласови во џеб, Вие што сакате работите на крај сите Албанци не само што ќе гласаат него и ќе ги наполнат кутиите за нас. Цената што сите ние како држава и народ ќе ја плаќаме за нивната вратоломна гимнастика не е битна. Дополнително и фингерпринтот ќе биде брана на манипулациите и изборите конечно ќе го одразуваат расположението на бирачите и прикажуваат реалното, а не фингираното политичко влијание, стои во Фејсбук објавата на Иван Стоилковиќ.

Тој како второ напоменува дека покрај големите лаги и најави за проекти кои не само што се нереални, туку кои со неинвентивен пристап станаа смешни и послужија за подбив во јавноста, како на пример објавувањето на сликичките кои наликуваат на сликовниците од прво одделение, се сеќаваат некои на сликовниците Марика патува со авион и слични, е тврдењето на власта и нејзините мегафони дека сите сме исти.

– Со гнасење го одбивам ваквиот пристап затоа што ниту сме биле, ниту некогаш ќе бидеме исти. Невозможно е бандитаријата, рекетарите од власта, криминалците од сите бои да се исти со нормалниот некорумпиран дел од политичкото миље во Македонија. Но покрај одбивноста, оваа тврдење треба да го покрие и фактот дека толку се неспособни, што дури и боли. Оттаму и нашиот слоган „Ми знамо боље“, пред се да работиме и создаваме нови вредности. Трето, недостатокот, односно отсуството на критичната јавност и медиуми, кои анестезирани со пари го поместија незадоволството и гневот на граѓаните на општествените мрежи. По онаа што може да се заклучи од општествените мрежи е дека гневот на граѓаните кој е на нивото “иде Дунав” ќе им нанесе сериозна штета на поткупувачите, мислам корумпираната Влада која на очиглед на целокупната јавност бесрамно ја поткупува не само изборната воља на граѓаните и на јавноста. Четврто, дебаклот во процесот на евроинтеграциите, односно пазарџиското и капитулантско однесување. Него не треба воопшто да го објаснувам, пред се заради фактот дека политиката и политичките договори некој ги смета за кванташки пазар и по таа ситно пазарџиска логика многумина сметаа дека ситните преварантски фори можат да донесат резултати, заборавајки притоа дека политика пред се, се определува како свесно управување со општествените процеси. За неадекватно артикулираните изјави исто така нема простор за разбирање и оправдување. Петто, бројните, скоро секојдневни корупционашки афери само ги потврдија сомневањата на јавноста дека државниот врв е крајно корумпиран. Македонски пасоши во рацете на мафијаши од европски и светски ранг е врвот на корупцијската и криминалната агенда. Високиот пласман на светската листа за нивото на корупцијата само го потврдува чувството на веќе сензибилираната јавност во однос на степенот на корупцијата во Македонија. Шесто, неадекватно менаџирање со пандемијата, кое кулминација доживеа со пожарот во модуларната болница каде на крајно нечовечки начин животот го изгубија 14 лица. За тоа дека по смртност на број на жители сме светски шампиони не е потребен посебен коментар. Заклучоците сами се изведуваат. Седмо, чувството на граѓаните дека претстојните локални избори се пресудни за иднината на државата и дека по мене тоа референдумско чувство, дека граѓаните на овие избори треба да се пресметаат со власта, дополнително ќе ја осигура победата на опозицијата, појасни Стоилковиќ.

Тој константираше дека според сето ова, ова не се само локални избори, туку сериозен тест на интелегенција на граѓаните на Македонија и доволна основа за пораз на власта предводена од СДСМ/ ДУИ!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This