Шестиот приговор на Беса, поднесен за повреда на постапката за гласање во повеќе изборни места во општина Тетово, ИЕ 6, беше одбиен едногласно со образложение дека не се поднесени докази за некористење УВ-ламби, спреј, дека било доволено да се гласа за гласачи кои не се физички во Република Македонија, дека било дозволено групно и фамилијарно гласање, за што е поднесен приговорот.
Повторно беше дадена истата забелешка дека приговорите се одбиени во отсуство на докази и забелешки во приговорите, односно дека истите се премногу општи поради што комисијата не може да ги утврди.