ОД ПЛАНИНА ВО ВЛАДА: „Качакот“ командант Хоџа советник за безбедност на Заев кој ја замагли „транспарентноста“ на Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Концептот на отвореност и транспарентност на Владата, со што се почнува и се звршува небаре секоја изјава на високите државни функционери, се повеќе заглавува во обидите да се релативизира одговорноста за поедини скандалозни активности.

Вчера во медиумите излезе информација дека Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа, добил функција во Владата на Зоран Заев.
„Нетпрес“ се обиде да добие одговор од Владата за точноста на оваа информација, но проверката во надлежните служби, намерно или не, не одеше така брзо. Откако прво цел ден се проверуваше нешто што веќе и беше обзнането на цела јавност, денеска добивме одговор дека в понеделник ќе има официјана информација за тоа дали командант Хоџа е вработен во Владата или станува збор само за шпекулации.

Додека се чека официјална потврда или демант, Командант Хоџа е фотографиран како излегува од владината зграда.

Новинската агенција „Журнал“, пак, објаави дека Џезаир Шаќири е назначен за советник за безбедност на премиерот Заев.

Хади Османи од СДСМ, на својот фејсбук профил го коментира вработувањето на Шаќири.

Честитки на Команднт Хоџа за новата функција во владата. После многу жртвување за време на конфликтот во 2001 година и после многуте предизвици со кои се соочи после конфликтот, за Џезаир Шаќири стигна правдата и заслужената награда. Командант Хоџа сега е командант на владата, слуга на народот и на граѓаните на Македонија. Мојот почитуван пријател на крај ја победи и последната битка против диктатурата на Никола Груевски, и благодарение на двајцата мои пријатели Зоран Заев и Џеват Исени, ја доби и заслужената награда и задача. Со оваа влада раководат луѓето кои заслужуваат и знаат да ги ценат оние кои заслужуваа, напиша тој.

„Заслужниот“ Џеват Исени на Фејсбук ја коментира фотографијата на која Шаќири излегува од Владата на Република Македонија.


Без предрасуди, со одлука во рака. Почитуван Командант Хоџа, денес, и секогаш ќе се гордееме со вас….Се обидоа да ве уценуваат, потценуваат итн итн, но ти успеа….Не ја изневери крвта на паднатите борци, не го изневери даденото ветување. Денес предавниците треба да се соочуваат со вас чело со чело и очи во очи, и во владините институции. Командант Џезаир Шаќири Хоџа, се гордееме со вас, напиша тој.

Командант Хоџа е учесник во воениот конфликт од 2001 година, ги раководеше припадниците на УЧК во Арачиново. Шакири пред две години во косовската јавност објави информации според кои припадник на службите за безбедност имал контакти со вооружената група која беше дел од нападот во кумановско Диво Насеље.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This