Од селфи до тpaгедија: Едно девојче зaгинa, а едно заврши во болница откако ги удpил воз додека се сликале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кобната несреќа во Марибор, Словенија, се случила кога две малолетнички направиле „селфи“ пред воз меѓу две шини.

Едниоатабил смртно повредена, а другата успеала да отскокне, но поради шокот завршил во болница, пренесуваат медиумите.

Девојчето (14), кое почина во вторникот, и нејзината врсничка се фотографирале помеѓу шините долж железничката платформа пред возот што доаѓал со голема брзинаа.

Возачот на локомотивата предупредувал со звучни сигнали за опасноста што доаѓа, на што малолетниците не реагирале, го опиша трагичниот настан полицискиот портпарол Миран Шадл во изјава за печатот.

Според него, девојчињата отскокнале во последен момент, но на едното не му успеало, па починала на лице место, а другата завршила во болница поради шокот.

Истрагата сè уште трае, но сомнежите за самоубиство или туѓа вина во несреќата се веќе отфрлени, а можната одговорност на машиновозачот е исклучена.

Како што дознава мариборскиот весник „Вечер“ од извори блиски до полицијата, истражителите се прашуваат дека трагедијата можеби не е резултат на некој опасен предизвик со кој подоцна се фалат тинејџерите како нивни потфат на социјалните мрежи

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This