Под влијание на постуден воздушен бран кој ќе продре во нашата држава и тоа од север и од североисток во текот на следните утра очекуваме доста ниски температури на воздухот, истите ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека особено во Беровскиот регион истите има услови да се спуштат и малку под нулата.
Во ваква ситуација локално ќе се создаваат услови за појава на слана и за слаб мраз.
Максималните дневни температури во текот на следните неколку денови исто така ќе бидат нешто пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.