„Омажи се за мене“: Битолчанец ја изненади саканата со сладок предлог за брак во Ниже Поле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Битолчанец ѝ организираше изненадување на својата сакана за да ѝ го постави судбоносното прашање.

Антонио Христовски ја запроси својата избраничка Кристина Косевска во селото Ниже Поле во близина на црквата „Св. Петка“, место кое има посебно значење за нив.

Антонио Христовски и Кристина КосевскаАнтонио Христовски и Кристина КосевскаАнтонио Христовски и Кристина Косевска
Нивни пријатели се погрижија балоните на кои беше испишано „Омажи се за мене“ да бидат поставени на вистинското место во вистинското време. Се разбира, нејзиниот одговор беше ДА.

Среќниот пар за Femina.mk објасни дека местото во месноста Гргули има посебно значење за нив, особено за Кристна која е љубителка на планини и реки.

„На ова место има мир и спокој, а звуците на водата и природата не можат да се опишат со зборови. Подолу е и црквата, затоа ова место го доживуваме како нешто свето“ – велат идните младенци.


Кристина и Антонио се заедно од јануари 2018 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This