Операција Атлантик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под кодното име „Атлантик“ била водена мега разузнувачка операција за следење на сите противници на промената на името, во операцијата на „УДБА“  биле следени политичари, активисти, новинари.

Противзаконското следење и прислушкување имало за цел доколку се случи инцидент налик оној на 27 април, сите кои биле мета да завршат како Јане Џенто, Горан Ангелов и сите останати осудени за тероризам за уападот во Собранието.

Покрај политички структури и новинари како што бил следен и прислушкуван уредникот на Инфомакс, Александар Митовски биле следени и навивачките групи како што се навивачите на Вардар, „Комитите“.

На „Комитите“ власта се обидувала да им накалеми соработка со рускиот тајкун Иван Савидис и наводно дека земале руски пари за да го спасат македонското име.

За „Комитите“ контактот задолжен за следење бил „Кико“ , кој изнесувал информации кои наводно биле безбеднозно интересни за лидерот на навивачката група, Александар Колевски-Жути кој наводно зел 300 илјади евра од Грција.

Љупчо Палевски попладнево на прес конференција со јавноста сподели документи и докази за случајот.

Покрај уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, следени и прислушкувани се Сотир Костов, Љупчо Палевски, Жарко Гроздановски, Јанко Бачев.

Застрашувачки е фактот што сите оние кои биле следени биле третирани како терористи и македонски екстремисти, а нивниот единствен грев бил тоа што си ја сакале државата и биле противници на промена на името.

Сознанијата кои ги сподели Палевски со јавноста се доказ дека и натаму во Македонија нелегално се прислушкува и дека Зоран Заев ги следел и прислушкувал сите свои политички противници.

Ова ги потврдува наводите на Наќе Чулев.

Техничкиот министер за внатрешни работи пред само неколку недели изјави дека поранешната УБК, а сега Агенција за национална безбедност (АНБ) ја задржала техничката можност за прислушување.

Според Наќе Чулев ова претставува прекршување на законите и препораките на експертската група предводена од Рајнхард Прибе која ги даде насоките за реформа на безбедносните служби.

„Оперативно техничката агенција (ОТА) била должна да овозможи директна техничка поврзаност меѓу неа и надлежната служба за спроведување на наредбите за посебни истражни мерки, во случајов соодветната организациска единица во МВР, но истото до ден денес не е направено, односно се уште Агенцијата за национална безбедност (АНБ) се уште ја има посредничката улога, што во суштина значи дека сеуште постои техничката можност АНБ да има увид во следењето на комуникациите кое се спроведува за потребите на кривични истраги“ изјави техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/277599300334253

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This