ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЌЕ ПРАВИ ГОЛФ TEPEHИ ВО СЕЛО ЛИСИЧЕ НА ПОВРШИНА ОД 15 ХЕКТАРИ ЗА 2,5 МИЛИОНИ EBPA

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во руралниот дел на Општина Аеродром односно во селото Лисиче ќе се прават голф терени како дел од проектот „Аеродром прва општина со европско знаменце“. Терените ќе се протегаат на површина од 15 хектари, а за нивна изградба и ставање во функција потребни се 2,5 милиони евра.

Од Општина Аеродром најавуваат дека овој проект би се реализирал за две години, односно во 2023 Скопје и земјава за прв пат ќе добијат голф комплекс, што било долгогодишно барање на голф федерацијата.

„Успеавме да пронајдеме соодветен простор односно земјиште кое досега се користело како дива депонија. Овој простор е соодветен за вакви терени. Просторот ќе го зазелениме, нема да има шанси во иднина да прерасне во градежна парцела за објекти, а воедно и ќе го уредиме и ќе го развиеме овој спорт“, вели Александар Георгиевски, шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин.

Дел од средствата за овој проект како што објаснува Георгиевски ќе се обезбедат преку Европската унија преку грант за рурален туризам, а другиот дел ќе го бараат од домашни компании.

„Идејата е да понудиме на 30 фирми да се рекламираат одреден период на голф терените, а за возврат да инвестираат по 50.000 евра . Со тоа би обезбедиле 1,5 милиони евра за нивна изградба, а останатите еден милион со грант за рурален развој“, додава Гергиевски.

Со терените ќе стопанисува Општината односно јавното претпријатие за развојни проекти од локално значење, кое ќе биде прво од ваков тип кај нас.

Општина Аеродром вчера го презентираше проектот „Аеродром прва општина со европско знаменце“, кој предвидува програма за четиригодишно работење со кои во 2025 година ќе стане единствена општина со европски стандарди во земјава. Беа најавени дваесет проекти за чиста животна средина, квалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од општината, кои покрај со пари од буџетот ќе се реализираат и со средства и грантови од Европската унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This