Орбан: „Унгарија нacкopo ги ykинyвa пoвeќeтo pecтpиктивни мepки“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан најави укинување на повеќето рестрикции, вклучувајќи го и ноќниот полициски час, штом бројот на вакцинирани викендов ќе достигне до 5 милиони. Маските нема да бидат потребни на јавните места – изјави Орбан најавувајќи дека на отворено ќе бидат дозволени собири и до 500 луѓе. Настаните во затворен простор ќе бидат овозможени за оние со потврда дека се целосно се вакцинирани. Ќе бидат дозволени и свадби со максимум 200 гости.

Тоа значи дека сме го победиле третиот бран на пандемијата“, изјави Орбан за унгарското радио додавајќи дека дошло време да им се каже „збогум“ на маските на јавни места.

Унгарија е една од земјите во ЕУ каде имунизацијата се одвива со руската и кинеската вакцина, кои од Европската агенција за лекови се уште не се одобрени. Тоа овозможи оваа држава да има една од највисоките стапки на вакцинација кај своето население – 50 проценти од населението од 10 милиони луѓе ја добиле барем првата доза.

Таму веќе се отворени хотелите, рестораните, теретаните, театрите, кината и спортските терени. Унгарската економија ланската година имаше пад од 5 проценти, а Орбан кој го очекуваат избори следната година, изјави дека годинава БДП би можел да биде и поголем од сегашните владини проекции од 4,3 проценти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This