April 20, 2024, 10:12 am

ОРДАНОВСКИ СЕ ПИШМАНИ: ВМРО-ДПМНЕ било во право за бизнис империјата на Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вели дека Вице Заев станува „главен бизнис фактор играч во државата“ е сосема во право, смета новинарот Сашо Орданоски.

Орданоски коментирајќи ја империјата на Заеви, за Плусинфо, пишува дека Николоски бил сосема во право со таа констатација, па погрешно е тоа што Вице Заев одлучил да го тужи за клевета. Тој предлага Заеви или да „замрзнат“ некои бизниси кои се поврзани со државата или да се откажат од истите.

– На пример, што им треба вложување во бизнисот со одгледување марихуана, дејност која би требала да е високорегулирана и предмет на арбитрарни државни контроли? Во успехот на таа дејност однесувањето на власта е покритично отколку во производството на ајвар или тули. – пишува Орданоски.

Тој го пофали последното истражување на Фокус за бизнис империјата на Заеви и напиша дека кога правеле слични сопственички шеми на испреплетени бизниси, тогаш државата му ја „сплете“ и деловната „пајажина“ на Рамковски, а деловните зафати на Мијалкови и Камчеви сеуште течат на суд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This