ОРЦЕ КАМЧЕВ СМЕСТЕН ВО ,,ХАШКА СОБА“:Затворскиот лекар му констатирал одлична здравствена состојба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Притвор, „Хашка соба“ и затворски лекарски преглед за Јордан Камчев и уште 4-ца осомничени во „Империја“ на СЈО

Првото лице кое Јордан Камчев и останатите 4-ца осомничени во новата истрага на СЈО, „Империја“ изутринава го виделе и затворскиот лекар. Ги прегледал и констатирал одлична здравствена состојба. Поплаки немаат, потврди за Телма затворската управа. Камчев е сместен во т.н. „Хашка соба“ најлуксузна со која располага затворот, а во новото одделение е уште еден осомничен. На двајца од притворните при распределбата им се паднало старото одделние, и ќе делат соба со повеќе цимери. Луксузот за бизнисменот Камчев заврши синоќа откако помина 12 часа на распит во судот, доби 30-дневен притвор, и за него прва се подигна влезната рампа во истражниот затвор во Шутка.

Јордан Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски можат да влијаат на сведоци и на истрагата ако се на слобода навела во одлуката за притвор судијката на претходна постапка Весна Димишкова. Осуммина осомничени остануваат на слобода, бидејќи СЈО за нив не побара мерки за обезбедување. Меѓу нив се мајката и сестрата Камчеви и Сашо Мијалков.

Предметот го води специјалната обвинитиелка Лиле Стефанова, а на медиумите 3 часа по полноќ ги брифираше нејзината шефица. Во скромниот опис за истрагата познати се кривичните дела- Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари, но не и висината на сумите кои ги злоупотребиле. Истрагата се проширува, открива Јанева.

Адвокатите се пред компјутерите и ги куцаат жалбите за отфрлање на притворот. Ќе ги понудат пасошите, и мерка за јавување во судот во замена за слободата на нивните клиенти, иако бараат од СЈО да каже во кој временки период, и од која аудио „бомба“ се покрената истрагата со што е запазен рокот за можност за подигнување обвинение, на што Јанева имаше подготвен одговор.

„Империја“ е во истрага, но заедничко за сите 13 обвинети и кривичните дела се деценискиот бизнис од 2002 до 2013-та година. Срцето на „Империја“ засега неофицијално е офшор компанијата „Ексико“ со актуелен директор сега осомничениот Тодор Мирчевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This