Освен „Пошта“ ќе се продаваат „Македонски Железници“ „ТЕЦ Неготино“, „Колска“, „Еврокомпозит“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата ги следи сите параметри во делот на БДП, на задолжувањето, во делот на приходите на државата и севкупните движења и тенденции, и нашите проекции се дека очекуваме пад на економијата од 4,4 проценти, изјави денеска премиерот Зоран Заев комнентирајќи ги најновите прогнози на ММФ, кои предвидуваат намалување на бруто-домашниот производ на земјата за оваа година од 5,4 отсто. Според Заев, првични предвидувања за пад од 5 проценти се намалени за 0,6 отсто поради антикризните мерки.

-Затоа пуштивме пари, затоа е четвртиот пакет на мерки и верувам дека ќе успееме во тоа. ММФ сега на квартално ги дава своите анализи и очекуваме да прават и нови проценки. Верувам дека ние имаме порелевантни податоци, ги следиме приходите на државата и производството. Верувам, според она што го следам, дека ќе бидеме една од државите со најмал негативен импакт, ако не и со најмал негативен импакт од корона кризата во регионот. Секогаш се бороиме да се споредиме во успешноста во политиките и верувам дека ќе успееме – порача Заев.

Во однос на иницираната постапка за приватизација Поштата, Заев оцени дека многу институции во државата покажале оти мора континуирано да им се дотираат државни пари на месечно или квартално ниво, затоа што не можат „да се борат на пазарот“.

-Земјите со кои се натправаруваме се со приватни пошти или со пошти со доминантно приватен капитал. Верувам дека ќе направиме некое успешно менаџирање со Словенија, Австрија, Германија, Полска… за да имаме перспективи за „Македонски пошти“. Целта е да имаме квалитетен поштенски собраќај и услуги за граѓаните – истакна тој.

Тој додаде дека вакви идеи за повеќе компании, како ТЕЦ „Неготино“, „Македонски Железници-Транспорт“, „Еврокомпозит“, „Колска“…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This