Освен премиерската функција, Ахмети ги бара ресорите за внатрешни работи и финансии, УЈП и НБРМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај барањето Насер Зибери да биде премиер во првата од четирите години од мандатот на идната влада, Али Ахмети од Зоран Заев бара и други високи државни позиции во преговорите за формирање на ново парламентарно мнозинство.

Според ТВ 24, Ахмети барал министерски места во МВР и финансии, вицепремиерско место за економија, директорско место во УЈП, но ја барал и функцијата гувернер на Народната банка.

-Насер Зибери за премиер ќе биде избран со 74 гласа, Зоран Заев со 61, нели е тоа доволен показател, дека компромост што ние го ставме на маса има и посериозен кредибилет, но е и влог во индината, особено кога следната година ни претстојат локални избори, па потоа и претседателски, рекол функционер на ДУИ за телевизијата.

Инаку, ДУИ би можела да прифати компромис наместо првата последната година од мандатот премиер да биде Зибери, но ваквиот пристап во СДСМ се сфаќа како уцена од Ахмети конЗаев, поради што се јавуваат потешкотии во разговорите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This