ОСМАНИ КОНТРА СДСМ: Не може полицијата да го покрие секој квадратен метар од државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во гостувањето на „Топ Тема“ на телевизија Телма истакна дека не може полицијата да го покрие секој квадратен метар од државата за да го спречи ширењето на заразата. Тој оди контра ставовите на Заев и СДСМ дека Наќе Чулев е виновен за новиот пик на заразени потенцирајќи дека и за време на полицискиот час не функционирал полицаецот во нас.

-И за време на полицискиот час не функционирал полицаецот во нас. Полицијата била на терен, не може физички полицијата да го покрие секој квадратен метар во државата. Не полицијата секој граѓанин во својот дом да го контролира како се однесува, вели Османи.

Османи посочува дека би било погрешно да се растураат ифтарските вечери и литијата во Струга на сила, бидејќи тоа би ја довело државата во друга криза.

-Верувајте дека немало начин овие ифтарски вечери да се растурат на сила и би било погрешно. Би било погрешно литијата во Струга да се растури на сила, тоа би било само вовед за нешто што можеби се случува денеска во други држави каде короната веќе не е главна тема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This