ОСТАВКА ОД ДИК ПОДНЕСОА И БОНЕВА И СРЦЕВ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По претседателот Александар Чичаковски, членовите на комисијата од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, Субхи Јакупи, предложен од ДУИ, и потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, и членот Атанас Урумов, кои доаѓаат од редот на експертите, оставка денеска поднесоа и членовите на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев.

 

На првата наредна седница Собранието треба да ги констатира нивните оставки, но таа, се уште, не е закажана, иако според последните информации таа може да биде во петок, кога на дневен ред треба да биде и Предлог – буџетот за 2018 година.

Изборниот законик предвидува, откако оставките на членовите на ДИК ќе бидат констатирани, претседателот на Собранието во рок од три дена од денот на приемот на известувањето ќе треба да ги информира политичките партии од власта и од опозицијата да му достават предлози за членови на ДИК.

Собранието го огласува изборот на претседател и членови на ДИК во Службен весник, а огласот трае осум дена. Потоа Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието подготвува предлог на листа од пријавените кандидати и ја доставува до Собранието.

Ако политичките партии не ги утврдат и не ги достават имињата на кандидатите за членови на ДИК во рокот, членовите на ДИК ги предлага Комисијата за Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Државната изборна комисија брои девет члена, претседател, потпретседател и седум членови. Од нив шестмина се на предлог на партиите, а тројца се од редот на експертите.

Членовите на ДИК ги избира Собранието со двотретинско мнозинство. Мандатот им е пет години, со можност за реизбор.

Инаку, пред една недела американскиот амбасадор обзнани дека членовите на ДИК си поделиле високи надоместоци за својата работа за време на локалните избори и последните неколку изборни циклуси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This