March 29, 2024, 11:18 am

Останува на сила целосниот кapaнтин во Австрија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австриската влада доцна синоќа донесе одлука за продолжување на целосниот карантин до 7 февруари, како дел од мерките против ширење на коронавирусот.

Затворањето, кое требало да трае до 24 јануари, ќе биде продолжено до 7 февруари, што, како што објави агенцијата АПА, е резултат на разговорите меѓу владата во Виена и провинциите.

Следува постепено отворање од 8 февруари, додека угостителите, хотелите и организаторите на разни настани ќе мора да почекаат до крајот на февруари за нови мерки.

Од 8 февруари, ако епидемиолошката состојба дозволи, сите продавници, услуги и музеи повторно ќе се отворат, но под построги услови, како што е обврската да се носат маски на ниво на заштита FFP2 и да се одржува растојанието од метар до два. Наставата во училиштата ќе започне на 8 февруари, а учениците до тогаш ќе останат на онлајн учење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This