Останува селектор: Македонија на ЕП ќе патува со Игор Ангеловски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По неизвесноста која почна на крајот на претходната и продолжи на стартот на оваа година, човекот кој ја испиша историјата со македонската фудбалска репрезентација конечно добил понуда да ја води и на Европско.

Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини имал состанок со Мрме околу продолжување на соработката и за дебитантското Европско првенство на Македонија, што беше и за очекување со оглед на постигнувањето на историскиот успех.

За сега нема официјална потврда од ФФМ, но тоа е најавено за в четврток пред Управниот одбор кога се очекува да се утврдат деталите и потпишувањето на новиот договор.

Ангеловски јавно кажа дека ќе ги прифати сите услови само да ја води Македонија онаму каде што ја однесе за прв пат, што значи не би требало да постојат пречки за неговото официјализирање.

Поранешниот стратег на Работнички седна на селекторската клупа во октомври 2015-та и за пет години стигна до подвиг кој беше недостижен скоро три децении.

На 45 средби, Македонија под негово водство има најдобар скор од 20 победи, 10 нерешени и 15 порази, што го прави најуспешен селектор во историјата.

Спортмедиа пишува дека платата ќе му остане иста, а тоа се 7.500 евра месечно.

Инаку договорот на Мрме истече на 31 декември 2020-та и со оглед на тоа што на таков успех не му го продолжија, излегоа сомнежи за негова смена.

Јавноста постојано се прашуваше зошто се чека, а Горан Пандев капитенски се произнесе со став дека Македонија на ЕП треба да ја води Игор Ангеловски. Тој посочи дека во изминативе пет години се создала хемија и сплотеност во националниот тим, која е чудно и глупаво да се наруши.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This