Осум ученици и класната позитивни – од утре 25 ученици од ОУ „Вера Циривири Трена“ во изолација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осум ученици и класната се позитивни на коронавирус во основното училиште „Вера Циривири Трена“ во Карпош. Според епидемиолошката процена од утре сите 25 ученици од класот ќе следат онлајн настава, дознава „Република“.

Триесет проценти од учениците во одделението се позитивни. Нема простор да се размилсува кој ќе оди во изолација, а кој ќе следи физичка настава, вели нашиот извор.

Станува збор за одделение од повисоките класови, кои имаат контакт со повеќе професори.

Министерката за образование Мила Царовска секојдневно е на мета и на родителите, учениците и наставниците, но и на политичките партии од опозицијата. Тие се сомневаат дека бројот на заразени деца од КОВИД-19 се зголемува, Царовска ја прикрива реалната бројка и како Филипче вели се е под контрола.

Во училиштата нема средства за дезинфекција, учениците сами си носат од дома. Лошите мерки на Царовска ќе бидат причина за прекин на наставата со физичко присуство. Прашање на време е само кога наставата ќе биде невозможна затоа што системот е слаб, а протоколи нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Последно, 177 деца од ООУ Братство Единство од Охрид се во изолација поради контакт со позитивни професори. Информацијата ја потврди директорот на училиштето, кој вели дека во училиштето во целост се спроведуваат протоколите препорачани од комисијата за заразни болести, но поради мал ризик се одлучиле учениците наставата одреден период да ја следат онлајн.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This