ОТВОРЕНА ИСТРАГА ЗА ПОЛИЦИСКОТО HACИЛCTBO ВО ФРАНЦИЈА: Главната инспекција на државната полиција (IGPN) отвори 48 истраги

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отворена е истрага поради наводна употреба на сила на припадниците на безбедносните сили во текот на демонстрациите на „Жолтите елеци“ во Франција, кои се одржуваат од 17 ноември, јавува Anadolu Agency (AA).

Локалните медиуми наведуваат дека Главната инспекција на државната полиција (IGPN) отвори 48 истраги поради тврдења за употреба на сила во текот на демонстрациите кои траат повеќе од еден месец.

Полицијата во текот на демонстрациите користеше солзавец што предизвика повреди кај неколку демонстранти. Во медиумите е објавена вест и дека полицаец во текот на демонстрациите на 1 декември употребил сила и фрлил на пат еден демонстрант, а потоа го тепал.

Во текот на протестите на „Жолтите елеци“, кои во Франција почнаа на 17 ноември, смртно страдаа 10, приведени се 4.500, а повредени се повеќе од 1.000 демонстранти.

Антивладините протести на „Жолтите елеци“ најмногу влијаеја на падот на економскиот раст, како и на трговските војни кои се водат во светот, а кои предизвикаа намалување на деловната сигурност во многу земји.

Движењето „Жолти елеци“ го носи името по безбедносните флуоросцентни елеци, кои во автомобилите мораат да ги имаат сите возачи во Франција.

Протестите започнаа кон средината на ноември против најавеното зголемување на данокот на горивото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This