ОТВОРЕНА ТРГОВСКА ВОЈНА ПОМЕЃУ САД И КИНА: Кина го возвраќа ударот, најавува одмазнички тарифи за американски добра во вредност од 3 милијарди долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пекинг објави серија мерки што планира да ги спроведе како одговор на новите увозни тарифи на претседателот Трамп, во очи на ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина.

И покрај повторените предупредувања од Пекинг, Доналд Трамп во четвртокот му наложи на американскиот трговски претставник Роберт Лаитизер да ги наметне тарифите за кинески увозни стоки во вредност од најмалку 50 милијарди долари, обвинувајќи ја Кина за кражба на американската технологија. На Лаитизер му беа дадени 15 дена да предложи листа на производи кои ќе бидат таргетирани.

Кина веднаш го возврати ударот, објавувајќи дека планира да наметне тарифи за американските стоки, кои минатата година имале увозна вредност од 3 милијарди долари. Министерството за трговија на Кина, исто така, се закани дека ќе преземе правни мерки против САД преку Светската трговска организација “за одржување на стабилноста на глобалните трговски правила”, надевајќи се дека целосна трговска војна може да се избегне преку дијалог.

“Ние имаме намера да наметнеме тарифи за одредени американски увозни продукти за да ги балансираме загубите предизвикани од американските тарифи за увезениот челик и алуминиумот”, објави Министерството за трговија на Кина.

“Кина се надева дека САД ќе се повлечат и ќе превземат разумни одлуки и ќе избегнуваат да ги влечат билатералните трговски односи во опасни води”, додаде министерството.

“Доколку САД започнаа трговска војна, Кина ќе се бори до крај да ги брани своите сопствени легитимни интереси со сите неопходни мерки”, се вели во одделна изјава на кинеската амбасада во САД.

Севкупно, кинеското министерство за трговија размислува за таргетирање на 128 американски производи. Пекинг прво сака да наметне тарифа од 15 отсто на американските челични цевки, овошје и на увоз на вино, со вкупна вредност од 977 милиони долари, пред да воведе тарифа од 25 отсто на увоз на свинско месо и рециклиран алуминиум, во вредност од 1,99 милијарди долари.

Во меѓувреме, берзите во четвртокот паднаа поради оргомната распродажба која ја спроведоа инвеститорите кои се плашат од ескалација на трговската војна меѓу Кина и САД. Индексот Дау Џонс падна за 2.93 проценти или 732.43 поени и ја достигна најмалата вредност од 8 февруари. Индексот S & P 500 падна 2,52 проценти (68,24 поени) на крајот од тргувањето во четврток, што е најниско ниво од 9 февруари. Во Азија, индексите на берзата Никеи во Јапонија падна за повеќе од 3 отсто денес, на најниско ниво од 12 октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This