ОТВОРЕН ПАТОТ КОН „ГЕНЕРАЛ ЈАНКОВИЌ“: Патот од Скопје до Приштина претпладнево ќе биде пуштен за сообраќај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот министер за инфраструктура Паљ Лекај најави дека претпладнево, околу 9:00 часот, ќе биде отворен за сообраќај патот Приштина-Скопје, кој поради градежни работи беше затворен на потегот меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ, јавува дописникот на МИА од Приштина.

– Тврдам дека утре во 9:00 часот патот ќе биде пуштен во сообраќај и мислам дека ги завршивме сите работи во предвидениот рок, ја пренесе КТВ синоќа изјавата на Лекај.

Патот меѓу Приштина и Скопје, во сегментот Качаник-Гнерал Јанковиќ, е затворен за сообраќај од 8 мај, заради расчистување на неколку места на кои често има одрони кои го отежнуваа сообраќајот на овој магистрален пат кој води до границата со Македонија.

Првично беше предвиено реконструкцијата на овој патен правец да трае еден месец, но жестоките реакции на месното население, посебно на она од Генерал Јанковиќ, кое беше речиси во изолација, придонесе Владата да ги забрза работите, ангажирајќи по две смени на трасата, и тие да завршат порано од првично предвидениот рок

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This