ОТКРИЕНА ТАЈНАТА НА САРАЕВСКИТЕ ЌЕБАПИ: Овој рецепт сите ќе ви го бараат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коренот на зборот ќебап води потекло од Персија, а во буквален превод значи пржено месо, постојат некои записи и пронајдоци кои укажуваат дека ќебапот се правел и во античка Македонија и Грција.
kebapi

Да ја скратиме приказната, ова е рецептот за највкусните и најсочни ќебапи. Искусните ќебапчии велат дека кај правењето смеса за ќебапи нема некои посебни компликации, односно дека најважен е квалитетот на месото.

За да добиете совршена смеса за приготвување на ќебапи се што ќе ви треба е 1.5 килограми јунешко месо, и половина килограм јагнешко месо, 3-4 чешниња лук, сол и две лажички сода бикарбона.

Месото исецкано на коцки добро посолете го, прелијте го со 100 ml вода и лукот кој претходно сте го исецкале. Смесата измешајте ја и оставете ја да отстои во фрижидерот преку ноќ. Другиот ден, сомелете го месото два пати, оставете го на собна температура неколку часа и потоа повторно вратете го во фрижидер. Пред да почнете со обликувањето на ќебапите, измешајте две лажички сода бикарбона, и тоа е тоа. Уживајте!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This