ОТКРИЛ ДЕКА СОПРУГАТА ГО ИЗНЕВЕРУВА: На љубовникот му составил урнебесна листа на барања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден изневерен маж на љубовникот на нејзината сопруга му составил листа на барања и ја објавил на Craigslist, најголемиот американски огласник. Неговиот оглас набрзо стана вирален, а ние ви го пренесуваме во целост.

„До типот кој ми ја обработува сопругата. Добро знаеш кој си. Да, се` знам. Не, не сум лут, само би сакал да те замолам неколку работи:

1. Те молам престани да ја оставаш крената даската од тоалетната школка бидејќи секогаш јас излегувам виновен.

2. Можеби ми даваш шанса почесто да одам на риболов, но те молам да престанеш да го пиеш моето пиво. Сосема е во ред да испиеш неколку кога си на посета (Бог знае дека јас морам да испијам барем неколку пред таа да ми стане атрактивна), но сепак остави ми нешто бидејќи јас морам да бидам со неа многу подолго време отколку ти.

3. Ако го испиеш целото пиво, купи друго или барем остави ми пари на масата за јас да купам.

4. Би те замолил да ставиш нова ролна тоалетна хартија кога ќе ја потрошиш. Поради некоја причина мојот син мисли дека не мора да се избрише ако нема тоалетна хартија. Ја чуваме под мивалникот, но слободно можеш да предложиш подобро место.

5. Кога ќе завршиш со обработување на мојата сопруга, избриши се со нешто што може да се фрли. Корпата со облека од десната страна на креветот е моја и облеката е чиста иако таа не пере. Минатата недела излегов со дамка на кошулата (ти благодарам).

6. Немој да им кажуваш на моите деца дека си им чичко. Можеби се мали, но не се ретардирани.

7. Престани да го засилуваш греењето, јас сум тој кој ги плаќа сметките.

8. Кога ќе те праша „дали во овие пантолони изгледам дебело“, речи „не“. Можеби мислиш дека поинаков одговор ќе ја натера да размисли дали повторно ќе јаде килограм сладолед дневно, но всушност и` даваш причина да оди да купи нови пантолони во кои ќе изгледа еднакво дебело.

9. Престани да ја јадеш нашата храна. Минатата недела си ги изел колачите кои мајка ми ми ги испрати за роденден. Мојата сопруга со години не зготвила нешто толку добро.

10. Обиди се да ја префрлиш тежината на другата страна кога седиш во мојата фотелја, бидејќи правиш вдлабнатина која ме влече кон десно.

Се надевам дека можеш да ми помогнеш со овие работи кои ги набројав. Ако го направиш тоа за мене, ќе ти се јавувам да ти кажам кога нема да бидам тука и колку долго нема да сум дома, за да не мора да се грижиш и да брзаш.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This