March 28, 2024, 10:51 pm

Отпуштени одговорните за грешката на „Оскарите“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската филмска академија задолжена за организацијата на „Оскарите“, соопшти дека двајца службеници на фирмата ПвЦ, кои се одговорни за грешката околу ковертот со името на победникот во главната категорија, се трајно отстранети од натамошна организација на манифестацијата, изјави претседателката на Академијата, Шерил Бун Ајсакс.

oskari

Годинешното доделување на „оскарите“ го одбележа тоа што Феј Данавеј, која требаше да го прогласи филмот на годината, наместо насловот на „Месечина”, прочита „Ла-ла Ленд”, а потоа Ворен Бити мораше да појаснува што се случило.

Човекот кој требаше на Ворен Бити и Феј Данавеј да им го даде ковертот, само една минута претходно на Твитер поставил фотографија од оскаровката Ема Стоун. Ајсакс вели дека тоа го деконцентрирало доставувачот на пликот, што довело до грешката.

Компанијата ПвЦ, којашто веќе 80 години е задолжена за пребројувањето на гласовите и за ковертите со имињата на добитниците на статуетките, се извини за инцидентот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This