ОТСЕГА КОМАНДУВА РУСИЈА, НЕ САД: Британските медиуми анализираат дека Русија е главен играч на Блискиот исток!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Покрај прогнозите на западните лидери, Русија во новата година влегува како еден од клучните играчи на меѓународната сцена, пишува британски „Гардијан“

btr_rusija

Претходно, британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон го нарече рускиот претседател Владимир Путин „меѓународен отпадник“, а претседателот на САД Барак Обама и претскажуваше на Москва дека ќе „заглави во сириското мочуриште“. Договорот на „тројката“ која ја сочинуваат Русија, Иран и Турција за прекин на огнот во Сирија покажува дека овие предвидувања не се остварени, како и дека на Блисиот исток командува Русија, а не Америка, пишува аналитичарот на весникот Патрик Винтур.

Многумина оправдано предупредуваат дека, судејќи по претходните искуства, примирјата во Сирија се нестабилни и дека не доведуваат до мировни преговори, истакнува Винтур. Сепак, мировната иницијатива на Русија и Турција има реална основа. Во оваа ситуација се вклучени и четири битни фактори: народот во Сирија е исцрпен од војна што доведе до значајни промени во воениот однос на силите, преиспитани се улогите на клучните играчи и составот на дипломатските сојузи.

Воениот однос на силите се промени по поразот на терористот во источно Алепо, смета новинарот. Важни промени во дипломатскиот пол ќе се случат по доаѓањето на Доналд Трамп на чело на САД. Најверојатно е дека тој ќе му пружи поддршка на Башар ал Асад, отколку да им нуди помош на терористите, нешто што го правеше администрацијата на Обама. Освен тоа, најголемиот противник на сирискиот режим, Турција, одлучи да и помогне на Русија.

Терористите се во таква ситуација да можат да се ослонат само на своите сили и на земјите од Персискиот залив, што не им ветува светла иднина, со обзир на тоа дека Саудиска Арабија, откако ја виде цената на војната во Јемен, нема да преземе воена интервенција без поддршка на САД.

Русија, од другата страна, прима дипломатски и економски знаци на почит од традиционалните сојузници на САД во регионот: инвестиции на Катар, кој инвестираше во акции на „Росњефт“, иако руската компанја е под американски и европски санкции.

„И Египет е спрен да сврти нова страница во односите со Москва. Така да, пред очи им исчезнуваат препреките кон патот за мир“, истакнува аналитичарот.

Меѓутоа, тоа не значи дека Русија ќе има лесна задача да стави крај на исклучително комплицираниот граѓански конфликт, смета аналитичарот. Постојат и голем број на препреки кои треба да се совладаат. На пример, Туррција и понатаму инсистира сирискиот претседател да оди од својата позиција затоа што Москва ќе мора во преговорите да најде форма која ќе ја одложи судбината на Асад. Освен тоа, преговарачите дури сега треба да утврдат кој од бунтовниците може да го повикаат на преговарачката маса и дали може во преговорите да учествува и Саудиска Арабија, со кој Иран е во непријателство.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This