Офилијална Германија: Бoмбapдиpaњето на Србија беше неопходно за да се спpeчи гeнoцид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот амбасадор во Белград Томас Шиб рече дека бомбардирањето на Југославија во 1999 година е контроверзно прашање, но дека била потребна реакција затоа што е потребно да се спречи хуманитарна катастрофа и геноцид на Косово.

„Свесен сум дека ова е контроверзно прашање и дека немаше одлука на Советот за безбедност на ООН (за покренување воена акција). Но, требаше да се донесе одредена одлука, целта беше да се избегне хуманитарна катастрофа, да се избегне геноцид“, рече Шиб за Радио Телевизија од Војводина.

Шиб рече дека бомбардирањето е „многу тешко за Србија, но дека не треба да заборавиме дека тоа не се случи само туку така“.

„Проблемот беше да се најде решение за Косово, сите дипломатски средства беа искористени претходно“, додаде германскиот амбасадор.

Шиб рече дека е клучно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина, дека целта на тој процес е јасна и дека тоа е сеопфатно нормализирање на односите, пренесува Н1 .

„Сите се согласуваат дека проблемот на Косово мора да се реши, тоа би било во корист на Србија, Косово и регионот“, рече Шиб.
Запрашан дали Германија може да и ‘ја одбие поддршката на Србија на нејзиниот европски пат, доколку Белград не ја признае независноста на Косово, Шиб рече дека „тоа е повеќе од хипотетичко прашање“ и дека „не сака да биде толку песимист“.

„Се надеваме дека обете страни ќе бидат конструктивни, преговорите не можат да завршат позитивно ако нема доверба и добра атмосфера. Апелираме до двете страни да избегнуваат изјави што можат да ја влошат атмосферата и да го отежнат постигнувањето компромис“, рече германскиот дипломат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This