ОЧЕКУВАЊА ЗА „ТУРСКИ ТЕК“ ВО МАКЕДОНИЈА: Македонската јавност ја охрабрува Владата да се приклучи на гасоводот „Турски тек“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата дозвола за “Гаспром“ од Турција за изградба на морскиот дел од гасоводот “Турскиот тек“ издадена од надлежните власти во Анкара на 7. септември наиде на позитивна реакција во Македонската јавност

gasovod_turskitek2

Очекувањата се дека до октомври ќе дојде до потпишување на руско-турскиот меѓувладин договор за овој проект, врз основа на постигнатата согласност меѓу претседателите на Руската Федерација Владаимир Путин и на Турција Реџеп Таип Ердоган во Санкт Петерсбург на 9. август годинава.

Како што вели Тодор Петров, Македонија треба да остане конзистентна и натаму да ја поддржува декларацијата за зајакнување на енергетската соработка од состанокот на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција и Србија, премиерот на Унгарија и министерот за европски прашања на Турција, одржан минатата 2015 година, со која земјите-учеснички изразуваат согласност со идејата за комерцијално одржливa опција за гасовод кој преку Турција ќе пренесува руски гас кон Југоисточна и кон Централна Европа.

gasovod_turskitek

СМК и натаму ја охрабрува Владата на Република Македонија за приклучување во рестартираниот гасовод „Турски Тек“, меѓу руски „Гаспром“ и турски „БОТАС“, кој треба да транзитира преку Грција, Македонија, Србија и Унгарија.

Според Петров, Македонија треба да кооперира со Руски ГАЗПРОМ за реализација и на договорот ИГА меѓу Скопје и Москва за гасоводот ЈУЖЕН ТЕК при можноста за враќање на откажаниот проект.

Македонската јавност широко ја поддржува решеноста на Владата за приклучување кон гасоводот ТУРСКИ ТЕК и за продолжување на реализацијата на гасоводот ЈУЖЕН ТЕК во согласност со локалните закони и меѓународните стандарди и покрај предупредувањето од Европската енергетска заедница и Европската Комисија до Македонија од минатата година, дека Договорот за добивање крак од гасоводот ЈУЖЕН ТЕК и гасоводот ТУРСКИ ТЕК ги прекршува законите за енергија на Европската Унија.

Имено, односите и несогласувањата помеѓу  ГАЗПРОМ и Европската Комисија се билатерално прашање меѓу Москва и Брисел, и тоа никако не смее да ја попречува гасификацијата на Македонија преку овие меѓународни проекти.

Ваквата енергетска соработка ќе помогне за благосостојба на граѓаните, ќе им помогне на индустриите и националните економии, ќе ги намали сметките во домовите, ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со енергија на државите и заштитата на околината, ќе ја раздвижи градежната оператива, и ќе овозможи нови вработувања при изградбата на магистралните гасоводи и дистрибутивните мрежи, како за нивната експлоатација и одржување. Истовремено, енергетската соработка ќе има клучна улога во подобрување на меѓусоседските односи меѓу петте држави низ кои би поминувал новиот гасовод ТУРСКИ ТЕК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This