ПАК МУ СЛУГУВААТ НА ЗАЕВ: Зависните пратеници со поддршка за планот на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи иницијативата за пратениците повторно да се вратат во Собранието. Тие сметаат дека тоа е потребно, со цел зголемена контрола на Владата која носи уредби со кои правата на граѓаните се ускратуваат. За изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој кажа дека иницијативата е од поранешни пратеници, пратеничката Нола Исмајловска-Старова за „А1он“ вели дека доколку има пратеници кои се сметаат за поранешни, тогаш не треба да примаат плата и воедно да ги вратат парите кои ги земале во изминативе месеци додека Собранието не работи.

„Дадовме поддршка и се потпишавме на иницијативата бидејќи се наоѓаме во вонредна состојба која треба да ја потврдиме, а се е согласно Уставот како највисок правен акт во нашата држава. Нашата цел е зголемена контрола на Владата во моменти кога поради ситуацијата се ограничуваат слободата и правата на граѓаните. Ние сме демократска земја во која највисок орган е Собранието. Ние и натаму земаме плата како пратеници, што значи дека не сме поранешни, туку пратеници од постоечкиот парламентарен состав. Доколку некој се смета за поранешен пратеник, нека ги врати платите кои ги добиваше изминативе месеци, без да оди на работа и да помага за државните интереси“, смета Исмајловска-Старова.

Извор: А1 ОН

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This