March 28, 2024, 11:03 pm

Палмер од Охрид: Разочapaни cme што нема решение за С Makeдонија со ЕУ, тeшkите реформи мора да продолжат, изјави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД се разочарани што прашањето за С Македонија и Албанија за почеток на преговорите со ЕУ не беше решено, изјави специјалниот претставник на САД за Балканот на Метју Палмер, на првиот ден на Преспа-форумот за дијалог, кој се случува во Охрид и Преспа.

„Разочарани сме што прашањето за Северна Македонија и Албанија не беше решено воопшто, и покрај силното застапување и разумните решенија на португалско претседателство и останатите европски партнери, затоа што тоа искрено влијае и на нашата крајна линија. Овие одложувања ги ослабнаа влијанијата на САД и способноста на ЕУ да ги унапредат заедничките цели во регионот, вклучително не само нормализирањето на односите помеѓу Србија и Косово, туку и дијалогот и уставните реформи поврзани со ЕУ во БиХ“, рече Палмер.

Според него, многу е важно сето ова да се реши, затоа што вели геополитичките конкуретни агресивно се обидуваат да го нарушат кредибилитетот на САД и ЕУ.

„И самиот регион се сомнева во нашата колективна определба. Влогот за унапредување на таа работа продолжува да расте. Гледав повеќепати критики за улогата на САД низ годините. Некои експерти велат дека САД се премногу ангажирани, додека други велат дека ние не сме доволно ангажирани. Обично тоа значи дека го правиме тоа правилно и нашироко. Долгогодишна визија на САД била и ќе остане регион во мир, регион кој е стабилен и интегриран во европската и евроатланската рамка“, кажа Палмер.

Палмер нагласи дека останува многу работа да се направи за целосно остварување на неверојатниот потенцијал на регионот, а неговите лидери мора да преземаат повеќе од јавната обврска за економски раст и регионална соработка.

Тој рече дека тие „мора да преземат вистински активности, да продолжат со вистински тешки реформи и да работат конструктивно за да ги решат тешките политички прашања со соседите, да ги зајакнат своите демократски и судски реформи“.

„Ние мора да ги притиснеме лидерите од регионот, да создадат и да ги искористат можностите за решавање, преку дијалог, флексибилност и компромис за извонредните разлики кои ги спречуваат нивните држави и народи за остварување да ги достигнат нивните целосни потенцијали. Освен ако не е инклузивно, ова може да постане само полумерка. Со оглед на денешниот настан, со нотирање на Договорот од Преспа на С Македонија со Грција, и нејзиниот Договор за добрососедство со Бугарија, се примери за барање поголем регионален ангажман во корист на нејзините граѓани“, изјави Палмер.

Тој кажа и дека лидерите од регионот треба да преземат цврста одговорност за нивната европска иднина и да создадат внатрешен притисок, потребен за да постигнат колективен напредок.

Според него на луѓето од регионот им се потребни работни места и економска безбедност, но, борба против корупцијата и владеење на правото.

„Кога политичките лидери крадат од граѓаните, нивната земја, или го нарушуваат владеење на правото и независноста на судството, економскиот раст се забавува, нееднаквоста се шири, правичниот пристап до услугите е помал, пазарите се искривуваат. Реформите според тоа не смеат да бидат дизајнирани само за заживување на економијата по ковид. Тие треба да бидат и во насока на заживување на демократските институции, да ги направат понезависни, потранспарентни и поодговорни“, рече Палмер.

Додаде дека регионот мора да ги реформира енергетските сектори, затоа што обновливите извори и чистите технологии, ќе донесат не само економски придобивки, туку ќе ја зајакнат домашната и регионалната енергетска безбедност, помагајќи му на регионот да ги исполни своите климатски обврски. Палмер посочи дека граѓаните од регионот најмногу се загрижени и за корупцијата и владеење на правото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This