Пандев: Шансите не се зaгyбени, ова е едно големо искуство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стрелецот на првиот гол за Македонија на европските првенства Горан Пандев жали што со пораз го почнавме настапот на големиот турнир, но вели дека се уште ништо не е загубено.

Македонија загуби со 3-1 од Австрија на премиерата на Европските првенства. Горан Пандев го постигна голот за нашата репрезентација, но тој не беше доволен за да се спасиме од пораз.

Како за прв меч на ЕП ова е едно големо искуство. Одигравме добри осумдесетина минути. Знаевме дека во второто полувреме Австрија ќе притисне. Тие се физички многу помоќни од нас. Имаат добра клупа. Ние имавме некои контри што требаше подобро да ги искористиме, но таков е фудбалот. Примивме несреќен втор гол и мислам дека тогаш натпреварот беше решен, изјави Пандев по натпреварот.

Шансите не се загубени, сега треба да се одмориме и да се подготвуваме за Украина. Не очекува уште еден тежок натпревар. Тој меч треба да го одиграме отворено бидејќи веќе нема што да загубиме. Пандев им се заблагодари на навивачите кои допатуваа во Букурешт и во текот на целиот натпревар даваа голема поддршка „црвено-жолтите“.

Најмногу ми е жал ми е за луѓето кои дојдоа тука, им благодарам од се срце што дојдоа да не поддржат, да бидам искрен го дадовме максимумот, Австрија е многу квалитетна репрезентација, а ние се надеваме дека на следните натпревари ќе одиграме подобро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This