April 26, 2024, 11:18 am

ПАНДОВ: Ќе рикаат како говеда во запалена штала, нема да ве оставам раат ни дење ни ноќе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот Александар Пандов во својот последен Фејсбук пост ги потсети своите пријатели дека во војна кога ќе изгубиш другар или брат од непријателски куршум или шрапнел, немаш 40 дена да жалиш и плачеш за загубата. Според него така и сега народот нема време за плачење за уставните измени кои вчера насилно ги спроведе Заев. Пандов најавува дека ќе продолжи да се бори ротив власт и дeње и ноќе се до како што вели конечно ослободување.

-Во војна, кога ќе го изгубиш својот другар и брат од непријателски куршум или шрапнел, ти ги немаш оние христијански 40 дена да жалиш и плачеш по него. Не напротив, туку огромниот бес и гнев, создаден од губењето на твојот соборец го истураш врз непријателските позиции од сите оружја и калибри кој ти се на располагање.  Еве јас на пример, за Заев и “лепо друштво” планирам 24/7 да им свирам на “Сталиновите оргуљи” се до конечно ослободување. Нема да ве оставам раат ни дење ни ноќе. На крајот, што би рекол мојот драг и близок пријател Петре Темелковски, ќе рикаат како говеда во запалена штала, пишува Пандов на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This