- Advertisement -
На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, и братот на премиерот Зоран Заев. Според корисникот на Твитер кој ја објави фотографијата, двајцата се во поголемо друштво на прослава на Василица.
„Вице – Јанчев муабет….парето к`ј е бе?“ – стои во коментар на фотографијата.
Минатата недела беше обелоденето, дека компанијата на Јанчев „Ја-Ми“ добила тендер од речиси 300.000 евра за чистење на патот Кавадарци-Кожув од „Македонија Пат“.