ПАТОТ НА ,,УБИВАЊЕ” НА АСНОМ: Од насилно уништување на спомен плочите во Прохор Пчински до бришење на АСНОМ од Уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од насилно уништување на спомен плочите во Прохор Пчински кои сведочат за формирањето на македонската државност, преку воениот музеј во Пелинце и реплика на настаните сместени во една соба, до денешното бришење на Манифестот како конститутивен документ на Уставот – трите чекори од „убивањето“ погребувањето на АСНОМ во модерното време, пренесува Алфа.

Лулката на македонската државност, историското место во Прохор Пчински каде била донесена одлуката за независна држава, а македонскиот прогласен за службен јазик бледнее во историјата. Ако докрај се изоди патот до менување на македонскиот Устав каде носечки столб е токму Манифестот од заседанието на АСНОМ оддржано на 2 август 1944-та кој ќе биде избришан, ниту историските учебници веќе нема да сведочат за тешкиот македонски пат до слободата…

Алфа во потрага по вистината го посети манастирот Прохор Пчински во соседна Србија…Не пречекаа млади свештеници, не дозволија снимање во објектот, ниту пак малата манастирска соба каде се одржувал состанокот на Президиумот не ја видовме, таква била наредбата и политиката на владиката, но додека камерата беше вклучена ни испратија клучна порака – не ја признаваат македонската држава, а уште помалку народот кој за нив бил српски. Тука веќе ништо не сведочи за темелите на нашата историја…

Но не само што не го признаваат АСНОМ, од 2003-та СПЦ не дозволува чествување во манастирот, а причината за ваквата одлука била лошиот однос на МПЦ кон српските свештеници, па оттука македонската црква била…

Конакот каде до пред десетина години штуро зјаеше собата каде заседавале македонските делагати, сега се реновира од корен. Српските свештеници од манастирот прво ни рекоа не може да бараме нешто кое не ни припаѓа ниту пак дека нешто се случувало, но потоа се демантираа – се ослободиле од сите историски моменти во Прохор Пчински важни за Македонија.

Приказната ја продолжуваме преку границата, овде на македонска територија, во Пелинце. Веќе 14 години овде единствено постои импровизирана соба од првото Заседание на АСНОМ. Освен за 2 август тука речиси никој не доаѓа..не пречекаа само неколку вработени и слика на пусто место далеку од очите на јавноста.
Тука се донесени и зачувани три од четирите одлуки на делегатите за создавањето на македонската државност и признавање на македонскиот како службен јазик.

Одлуката за отворање на Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце ја носи СДСМ непосредно по доаѓањето на власт во 2002 кога на чело на државата беше Бранко Црвенковски. Оттогаш македонските политичари не можат да доаѓаат во манастирскиот комплекс во Прохор Пчински. Пелинце останува единственото место до српската граница каде официјална македонска делегација може да го чествува Илинден и споменува АСНОМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This