Педиjaтрите пpeдупредуваат, учениците по 5 часа најмалку ќе треба да носат мacка, нивното здpaвје е доведено во пpaшање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Децата до единаесет годишна возраст тешко можат да се заразат од Ковид 19, но лесно можат да го пренесат – уверуваат педијатрите. Доктор Мими Кимовска Христов вели дека моментално најзагрижувачко прашање е – какви последици ќе донесе носењето заштитна маска за време на училишна настава но и во секојдневието кај децата до десет годишна возраст.

“Ако тоа дете пет до шет часа по 30 минути носи маска во училиште,носи во автобусот маска и се враќа назад …рачунајте дека дека 5 часа е со маска и до дома оди со маска.Навистина се пореметува физиолошкиот процес при размена на гасовите. ” – вели Д-р. Мими Кимовска Христов, педијатар.

За педијатрите – прелиминарните образовни протоколи не се доволно добро смислени – особено за најмладите генерации.

“И не сум сигурна дека е доволно добар протоколот особено за помалите деца…затоа што тоа дете нема да знае кога да ја стави и кога да ја извади маската.” – Д-р. Мими Кимовска Христов, педијатар.

Бесплатен масовен скрининг како за наставниците, така и за учениците треба да биде главен услов за стартување на учебната година, велат педијатрите.

“Таа не е мала бројка ако 20 проценти од децата дојдат во училиште и од нив дојдат два проценти заразени – тие ќе направат мала епидемија и тоа ќе биде кластер во училницата па училиштата итн. За да не дојдеме до ситуација за брзо да ги затвориме училиштата…” – изјави Кимовска Христов.

Меѓу прашањата кои остануваат неодговорени е како ќе им се надокнади наставата на децата доколку неколкупати во текот на учебната година мора да одат во карантин, односно, како ќе продолжат со школување оние кои би се лекувале од Ковид 19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This