- Advertisement -
Страшниот пожар кој го зафати селото Мати во близина на грчката претстолнина Атина, остави катастрофални последици позади себе. Огнената стихија проголта шуми, згради, куќи и автомобили, а загинаа 79 лица. Бројот на повредени е преку 200 лица. Потрагата по исчезнати и понатаму трае. Грција прогласи тридневна жалост поради трагедијата која ја снајде.