ПЕЛИВАНСТВО: Секој трет жител на Студеничани е пеливан

Поврзано

- Advertisement -
Пеливанството има богата традиција во скопското село Студеничани и тоа почнувајќи уште од времето на легендарниот борач Тефик Демири, репрезентативец од поранешна Југославија, па до најмладата сегашна генерација.
- Advertisement -

Пеливанството во Македонија ќе се заштити како културно наследство. За оваа вековна традиција Институтот за фолклор “Марко Цепенков” подготви елаборат кој има за цел да го прогласи пеливанството како културно добро на Македонија. По тој повод, в недела на 9 октомври, по шести пат ќе се одржи меѓународната културно-спортска манифестација – пеливанство “Традицијата продолжува# во Студеничани, Скопско. Манифестацијата е организирана од Здружението за образование, култура, спорт и екологија (АКСИ), а поддржано е од Министерство за култура на Република Македонија.

На манифестацијата ќе учествуват борачи-пеливани од неколку балкански држави: Турција, Грција, Бугарија, Косово, Албанија, како и борачи од Македонија во пет категории и јуниори.

-Освен пеливани на настанот ќе присуствуват и културни и уметнички друштва кои ќе играат и пеат стари песна и ора, граѓаните на Студеничани ќе подготваат стари традиционални јадења за гостите, како ѓомлезе, татлија со трици, сутлиаш и други специјалитети кои се карактеристични за реонот Каршијака, Скопско, вели Афет Јашари, етнолог и организатор на манифестацијата.

-Културната функција на пеливананството како традиционален спорт и вештина во општина Студеничани претставува своевиден културен артефакт поради поседување на многу елементи со културна заднина во својата внатрешна структура, објаснува Јашари.

Преку овој спорт се негува еден посебен третман во однос на телото, односно посебен режим на исхрана, секојдневни вежби кои придонесуваат кон подобро здравје на носителите на овие игри.

Самиот чин на борењето содржи низа правила со кои се регулира начинот на однесување на актерите на овој традиционален спорт. Од друга страна, и денот кога се изведува овој спорт подразбира своевиден спектакал со многу публика, но и борачи од сите страни на Македонија.

Значи, натпреварите по пеливанство претставуваат своевиден културен спектакл со многу актери и многу публика, се вели, меѓу другото, во елаборатот изработен со цел пеливанството да се заштити како културно наследство.

Пеливанството има богата традиција во скопското село Студеничани и тоа почнувајќи уште од времето на легендарниот борач Тефик Демири, репрезентативец од поранешна Југославија, па до најмладата сегашна генерација.

Речиси секој трет жител на Студеничани е пеливан, спорт мошне популарен меѓу овдешното население. Дури и најдобрите борачи од Македонија, освојувачи на олимписките медали, Шабан Трстена и Шабан Сејдиу се бореле како пеливани на големите селски прослави на кои често присуствуваат и до три илјади гледачи, еден невиден спектакл кој се доживува на своевиден начин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This