Пендаровски барем еднаш нека излезе од сенката на Заев и нека одбиe да го потпише штeтниот закон за попис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пропaднат и фaлсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните и одговорност за Зоран Заев, затоа е потребно повлекување на законот и целосен консензус, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за попис власта го донесе на насилен и криминален начин со злоупотреба на европското знаме. Стандардите за спроведување на овој попис кој што Собранието го донесе имаат застарена методологија и не се усогласени со стандардите на ООН и стандардите на Евростат, велат од партијата.

Зоран Заев сака да спроведе попис со кои што однапред се договорени резултатите од овој процес.
ВМРО-ДПМНЕ силно се спротивстави на ваквиот закон за попис, бидејќи овој процес нема да биде статистичка операција туку политичка операција и резултатот од овој попис се веќе договорени проценти од партиите на власта. За тоа говори и членот во законот каде што се предвидува двоен потпис за верификација или признавање на пописот, по неговото спроведување, се појаснува во соопштението.

Од страна на СДСМ и Зоран Заев не беше прифатен ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак беше прифатен предлогот за време на пописот да се користат терминали за отисоци на прст.
На граѓаните на Република Македонија не им треба политички попис, туку операција со вистински статистички бројки кои иднина ќе ги отсликуваат економските, социјалните стратегии за развој на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на попис на населението и домаќинствата кои што ќе има вистинска рефлексија на демографските состојби во Македонија
Го повикуваме претседателот Стево Пендаровски, барем еднаш да испадне од сенката на Зоран Заев и овој штетен закон за попис да не го потпише.
Доколку Пендаровски го потпише овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни и институционални механизми за да се спречи одржување на овој политички процес, наречен попис.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This