March 29, 2024, 12:44 pm

Пендаровски за „То Вима“: Peшeниeто на пpигoворите нa Бугарија тpeбa дa e ycoглaceнo co Дoгoвopот зa пpиjaтeлcтво и copaбoткa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За Договорот од Преспа, европската перспектива на нашата земја и односите со Бугарија, за соработката со Грција, но и за договорот со Турција, говори претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски во интервјуто за денешното издание на грчкиот весник „То Вима“, во пресрет на неговата посета на Грција на 5 и 6 октомври, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот Пендаровски, за бугарското вето и ЕУ перспективата, коментира дека „за жал ситуацијата нѐ спречува да започнеме пристапни преговори“, иако земјата веќе ги има исполнето сите предуслови, а паралелно изразува надеж дека со новата Влада во Софија ќе продолжат разговорите, но и порачува дека решението треба да биде усогласено со Договорот за пријателство и соработка.

-Ќе продолжиме да дејствуваме конструктивно во разговорите со официјална Софија. Решението на приговорите на Бугарија треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка на двете земји и да го почитува правото на самоопределување на нашата нација, како и националниот идентитет и македонскиот јазик. Се надеваме дека по бугарските избори ќе ги продолжиме разговорите со новоизбраниот претседател и со политичка Влада со целосна власт што ќе има мнозинство во Парламентот, истакнува претседателот.

Во интервјуто што е под наслов „Спроведувањето на Преспа е меѓународна и наша внатрешна обврска“, претседателот Пендаровски ја истакнува важност на Договорот за двете земји, вели дека „најважното е тоа што ги одреди идните односи“ и е пресвртница за подобрување на економската соработка, преземање иницијативи во повеќе области како што се безбедноста, одбраната, образованието, науката и културата.

-Договорот е одличен пример за решавање на билатералните проблеми меѓу две соседни земји. На Македонија ѝ овозможи да стане 30-та членка на НАТО, реализирајќи еден од двата стратешки цели во евро- атлантската интеграција. Позитивно влијаеше врз нашата европска интеграција, со оглед на тоа што денес, Грција е еден од најсилните наши поддржувачи. Договорот од Преспа не беше лесен за двете земји. Но, важноста и неговото позитивно влијание повеќе ќе се покажат во следните години, истакнува Пендаровски.

Објаснува дека како претседател ја поддржува не само политичката одлука за усвојување на Договорот, туку и правилното и навремено спроведување, вели дека Комисијата за учебниците има направено напредок, а препораките треба да се спроведат и од двете страни.

Додава дека за придавката „македонски“, Договорот е јасен, а тој лично секогаш ги охрабрува „сите ентитети во земјата да ги почитуваат одредбите“ и посочува дека новото име веќе е вклучено во Уставот на земјата, па така „правилното спроведување, не е само меѓународна правна обврска, туку и дел од внатрешните правни обврски“.

-Двете земји треба да напредуваат во спроведувањето на одредбите од Договорот, но исто така и на препораките на заедничките комисии, не само за учебниците, туку и за трговските ознаки, за сообраќајните знаци и многу важно, да ги ратификуваат потпишаните билатерални договори, истакнува Пендаровски во интервјуто, пренесе МИА.

За Меморандумите што произлегуваат од Договорот од Преспа, а сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент, претседателот вели дека ратификацијата е од клучно значење за промоција на економската соработка.

Паралелно, ја споменува и енергетиката, односно енергетската диверзификација како национална цел и во оваа насока „нашето учество во проектот во Александруполи беше многу важна одлука“, се усогласува со националната енергетска политика, „но ќе биде и мотив за поширока економска соработка и поврзување на нашите земји“.

Во однос Договорот меѓу Македонија и Турција за одбранбена соработка, што предизвика реакции во Грција, претседателот Пендаровски во интервјуто објаснува дека постои долгогодишна соработка меѓу двете земји во конкретниот сектор, „па така потпишувањето на овој договор не е нешто ново“.

-Со фактот дека Договорот што неодамна беше потпишан е дел од 20-годишна билатерална одбранбена соработка, не може да ја стави во опасност одличната воена соработка со Грција. Напротив, по потпишувањето на Договорот од Преспа и нашето членство во НАТО, сведоци сме на зајакнување на соработката меѓу нашите министерства за одбрана и армиите, вели претседателот и објаснува дека Македонија ја одбра Грција за да потпише технички договор за воздушен надзор, „нешто што значи дека грчките авиони ќе го бранат нашиот воздушен простор, специјалните сили спроведуваат заеднички вежби“.

-Имаме за цел да ја продолжиме во иднина оваа соработка. Планот за билатерална одбранбена соработка за 2021 година се состои од 69 активности, истакнува претседателот за „То Вима“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This