Пендаровски: Нe граѓаните, туку дел од инcтитуциите нe се диcциплинирани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски, во своето гостување во емисијата „Трлинг“ на Телевизија 24 во врска со постојаните обвинувања на власта дека граѓаните се недициплинирани и затоа имаме голем број на заразени и починати од корона вирусот изјави дека не само грааните, туку и дел од државните институции се недисциплинирани.

Неспорно е дека граѓаните во еден дел, јас би рекол дека многу мал дел не се дисциплинирани, но јас мислам дека еден дел и од државните инстиуции не се дисциплинирани, изјави претседателот Пендаровски.

Пендаровски додаде дека не станува збор само за верските заедници кои на почетокот беа на удар на јавноста дека се причина за непочитувањето на мерките и големите собири, туку и за селективноста при постапувањето на институциите во работата на кафани, ресторани, односно една кафана работи, друга не работи.

Тој посочи дека со тоа се гледа дека институциите постапувале селективно.

-Ако се почитуваа и имплементираа стопроцентно мерките од страна на институциите, ако институциите санкционираа сто посто, ќе имавме драстично помал број на заболени и починати. Апсолутно гледаm слабости во функционирањето на дел од институциите во селективна примена на законите и прописите. Има случаи кои сите ги знаеме во јавноста, имаше кафани, дискотеки, концерти каде имате луѓе „еден преку друг“, но не гледам санкции. Имаше кафич запечатен, газдите доаѓаат го отвораат“, рече Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This