ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ ГО ЧУВА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА „ИВАНОВ“: Чулев на претседателот му го врати старото обезбедување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По укинувањето на наредбите од страна на техничкиот министер Наќе Чулев, утрово во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски на работа се вратило обезбедувањето на Ѓорге Иванов, кое беше прераспределено во други одделенија на МВР, дознава „А1он“. Тие се појавиле на работа со објаснување дека наредбите за нивна прераспределба се укинати и дека Чулев наредил да се вратат на работните места на кои биле претходно распределени согласно решенијата за работа. Во резиденцијата на Водно на работа дошло и обезбедувањето што го обезбедува Пендаровски откако тој дојде на функцијата претседател на државата. „Бидејќи наредбите се укинати, водејќи се според решенијата кои ги имаме, ние мора да се вратиме на старите работни места“, велат изворите на порталот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This