Перо Антиќ проговори за paзводот и новата љубoB (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кошаркарскиот ас Перо Антиќ не сака многу да зборува за својот приватен живот и да биде на насловните страници на таблоидите, но сега за првпат проговори за разводот и за новата љубов во интервју за Репортер.

Покрај тоа зборуваше и за својата богата кошаркарска кариера, за НБА искуството и легендарното европско првенство во 2011 година со македонската репрезентација.

„Кога почнав да играм кошарка, Марин Докузовски ме избрка од првиот тренинг затоа што сум доцнел. Тогаш по 80 деца како лубеници нè избираа кој го бидува а кој не. Еден ден стигнав да играм во НБА, ама она што го направивме со Македонската репрезентација во 2011 е нешто на кое најмногу се гордеам. И тогаш го истетовирав македонското знаме на градите“, вели Антиќ.

Перо е татко е на три деца, кои ги доби од бракот со уредничката на Портрет магазин Ружица Максимовска, со која од пред година дена се разведе но како што сите знаат остана во добри односи поради децата.

„Подобро добар развод од лош брак. Не беше лесно да им објасниме на децата. Но, тие се најважни и тоа не може ништо да го смени“, вели Перо, кој купил и стан во близина на поранешната жена за да може постојано да биде со децата. Во интервјуто кажува и за новата љубов.

„Навистина сум среќен“, открива Антиќ. Целото интервју погледнете го во продолжение:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This