Петрушевски: Глaвнa зaдaчa нa Левица e глyмeњeтo нa oпoзициja и нejзинo cлaбeeњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, на социјалната мрежа Фејсбук, коментира дека Левица е понтонскиот мост на Заев во опозицијата. Петрушевски исто така додава дека задача на Левица е глумењето на опозиција и нејзино слабеење.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

Левица е понтонскиот мост на Заев во опозицијата.

Главна задача на Левица е глумењето на опозиција и нејзино слабеење.

Нејзиниот лидер Димче Апасиев е човекот кој беше советник во криминалното СЈО. Од соборец на Заев до советник на Катица е неговата кариера во политиката.

Од друга страна лажниот Че Гевара на Заев покрај тоа што е истурена маша, е и лажен револуционер. Че Гевара од човек со хонорари од СЈО, потопен во лукзус и раскош седејќи во скутот на Заев, не бива.

Од тука па во иднина ставовите на Левица треба да се гледаат како ставови кои се на услуга на Заев.

Задачата на Левица е да послужи на Заев како фиктивна опозиција која треба да го раздели опозициското ткиво.

Апасиев и левица се најпосакуваното нешто на Заев. Впрочем таквата лажна опозиција се што правеше изминатиов период е пишување статуси на фб, по некоја пцовка, соблазнување, и празна реторика. Тоа е понудата на ваквата лажна опозиција. – стои во објавата на Петрушевски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This